Откриено потеклото на жената која е насликана на познатата слика на Гистав Курбе „Потеклото на светот“, создадена во 1866 година, тврди историчарот на уметност Жан-Жак Ферние, кој вели дека ја идентификувал жената која позирала за познатиот акт, а веста ја објави француското списание „Paris Match“.
Станува збор за вториот, горен дел од контроверзната слика од 1866 година на Курбе која денес се наоѓа во Musee d’Prsay во Париз, а и денес постојат две струи на сфаќања на истата – едни мислат дека таа претставува ремек дело, а други тврдат дека станува збор за вулгарност, па дури и порнографија.