ВИДЕО: Адвокатите на обвинетите за смртта на Никола Саздовски побараа изземање на судечкиот совет

Од:

Адвокатите Насер Рауфи и Асмир Алиспахиќ, кои ги застапуваат обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, за смртта на НИкола Саздовски на денешното рочиште на судот побараа изземање на судечкиот совет кој го води случајот.

По завршување на денешното рочиште за немилиот настан, адвокатот Асмир Алиспахиќ изјави дека обвинетите несомнено биле учесници во нападот на Никола Саздовски, но не се директни виновници за неговата смрт.

– Сведокот беше јасен и дециден. Во детали го опиша настанот, немало тепање по паѓањето на Саздовски како што е опишано во обвинението. Имало удирање и караница, но при неговото паѓање двајца се тргнале кон возилото, а еден само еднаш замавнал со ногата кон вратот и се тргнал. Оштетениот бил при свест кога тие се повлекле, рече адвокатот Алиспахиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов