Перкс: За да се создаде подобро утре за сите деца мора општеството да вложи енергија

Од:

Светскиот ден на детето, 20 ноември е глобален ден за акција „за децата“. Тој ден го славиме детството и размислуваме за огромната одговорност што ја имаме како општество да создаваме услови за нашите деца да просперираат и да го создадат светот во кој ние би сакале да живеат како возрасни во иднина, стои во пишаната изјава на претставникот на УНИЦЕФ во Скопје, Бенџамин Перкс.

Размислуваме на многуте предизвици за децата во земјава, во однос на смртноста на новороденчињата, детската сиромаштија, загадувањето на воздухот и исходот од образованието. Исто така сме сигурни дека со новите реформи што ги усвои владата, а кои ги поддржуваат ЕУ, Светската Банка, УНИЦЕФ и други партнери на ОН, како и граѓанското општество, ќе се подобри состојбата на децата во земјата. Во нив спаѓаат целта да се зголеми опфатноста на предучилишно образование за 50 отсто, „Акцискиот план за секое новороденче“, кој има за цел да ја намали смртноста на новороденчињата и да обезбеди сите бебиња да опстанат и да се развиваат, воведувањето мерки за унапредување на основното и средното образование и реформа на системот за социјална заштита со цел да се изнајде подобро решение за детската сиромаштија, посочува Перкс.

Според него, за да се создаде подобро утре за сите деца мора општеството да вложи енергија и да се посвети. Тој упатува апел до лидерите и граѓаните да сторат сѐ што можат за да создадат општество кое навистина им одговара на децата.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски