(ВИДЕО) СДСМ: Марјан Ристески во Прилеп дозволил да пропаднат 100 милиони денари за неплатени комунални такси

Од:

На последната седница, Советот на општина Прилеп донесе одлука да изврши траен отпис на побарувањата од правни лица и самостојни вршители на дејност во висина од над 100 милиони денари, или близу 1 милион и 700 илјади евра. Тоа го направи по препорака на Државниот завод за ревизија, а со цел да не се создава лажна слика за реалните финансиски состојби во Општината, рече Елена Ташкоска, член на Советот на општина Прилеп од СДСМ.

– Имено, станува збор за побарувања на Општината од фирми кои се избришани од Централниот регистер, а кои Марјан Ристески и неговите соработници не успеале да ги наплатат во периодот од 31.12.2006 до 31.12.2017 година. Од една страна ја задолжувал Општината со кредити, од друга, случајно или намерно, вршел селективна наплата на комуналните такси. МВР и Основното јавно обвинителство во рамки на своите надлежности треба да истражат зошто Марјан Ристески дозволил да пропаднат 100 милиони денари, пари од граѓаните на Општина Прилеп, рече Ташкоска.

Таа додаде дека мора да има одговорност за ваквиот селективен пристап со наплатата на комуналните такси.

– Новата локална власт предводена од СДСМ се грижи за секој потрошен денар и покрај наследениот финансиски хаос и долгот од 3.5 милиони евра, успеа непречено да ги испорачува обврските кон граѓаните и реализираше серија на инфраструктурни зафати, рече Ташкоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје