Изложбата „Ченто – Биографија низ фотографии“ во Тетово

Од:

Со изложба на фотографии за биографијата на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто националните установи Музеј на тетовскиот крај и Завод и музеј од Прилеп се вклучија во свеченостите по повод 19 ноември – Денот на ослободувањето на Тетово во Втората светска војна. Изложбата од авторот Рубинчо Белчески е насловена како “Ченто – Биографија низ фотографии“ а е поставена во спомен куќата на народниот херој Ѓоце Стојчески Амбарче што сега се користи од Музејот на тетовскиот крај.

-Изложбата е составена 250 хронолошки подредени фотографии од кои дел првпат се претставени пред јавноста во Македонија. Таа е резултат на шестгодишна истражувачка работа во која голема помош добив од семејството на Ченто од каде се и најголем дел од сликите. Планирам најголем дел од оваа изложба заедно со хронологија на настани и текстуален дел да прерасне и да се издаде како фото-монографија, изјави Белчески.

За него Методија Андонов Ченто претставува борец и визионер кој целиот свој живот се борел за слободата и независноста на Македонија.

-Ченто голем дел од својот живот поминал во затвор како во кралска Југославија така и за време на окупацијата во Втората светска војна, но за жал и во слободна Македонија. Преку оваа изложба можеме да го прикажеме освен неговиот живот и историјата на Македонија, бидејќи Ченто е роден во 1902 година во предвечерието на Илинденското востание па преку неговото детство и младост за време на Балканските и Првата светска војна до животот и работата меѓу двете светски војни и Втората светска војна и по неа, односно најтурбулентните настани за Македонија и нејзиното формирање како држава низ сите периоди и искушенија рече Белчески.

Тетово е меѓу десетте градови во Македонија каде досега била поставена изложбата “Ченто – Биографија низ фотографии“, а според Белчески, тоа ќе биде направено и низ останатите делови од државата.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска