Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, преку писмено соопштение ја информираат јавноста дека веќе се направени разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување на фактите и одговорноста од видеото од 16.11.2018, кое изминатите денови се најде на критика на јавноста.
„Сакаме да ги известиме граѓаните дека општината стапи во контакт со Министерството за внатрешни работи и градоначалникот на општина Центар ја повика госпоѓата која беше дел од целиот настан од видеото, на разговор во својот кабинет, со цел да се слушнат сите засегнати страни и објективно да се пристапи кон случајот. За конечниот исход од постапката, граѓаните ќе бидат известени дополнително.
Изминатиот период Секторот за инспекциски работи извршуваше засилени инспекциски активности и контроли, особено во околината на зелените пазари на територија на општината.
По бројните пријави на жителите кои живеат во тие делови на Центар, инспекторите и комуналните редари од општината секојдневно ги идентификуваат дивите продавачи, издаваат налози за отстранување на дивите тезги и издаваат прекршочни казни за оние кои не работат во согласност со правилата и законите во Република Македонија“, се вели во соопштението на Општина Центар.