СДСМ: Сите институции се борат со загадувањето на воздухот

Од:

„Лидерите во лажење, криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеа парите на граѓаните за да купуваат мерцедеси од близу 600.000 евра за да ги задоволат желбите на криминалецот Никола Груевски. Трошеа и стотици милиони евра на барок, луксуз, споменици и криминални тендери, додека градеа неплански и системски го уништуваа зеленилото.

Во 2019 година ќе се набават нови возила за брза помош, возила за инспекциските служби, ќе се опремуваат училиштата, студентските домови, факултетите, полициските станици, граничните премини, прифатните центри.

Борбата со аерозагадувањето стана стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ, за разлика од онаа на ВМРО-ДПМНЕ кога уништувањето на се што е здраво и зелено беше приоритет.

Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.

Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат