ВМРО-ДПМНЕ: Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од животите на граѓаните кои се жртви на загадувањето?

Од:

„Нема крај на расипништвото на власта. Криминалниот картел на власта го покажа своето вистинско лице, нема повеќе лажна скромност. Власта за своите лични удобства, за нови автомобили и мебел ќе потроши 7 милиони евра пари на граѓаните. Одродената и криминална власт на аболицираниот Заев ќе потроши 3,7 милиони евра за нови возила и 3,3 милиони евра за нов мебел, додека за наводниот „стратешки приорите“, борбата со загадувањето ќе потроши само 1,5 милиони евра.

Дали луксузните автомобили и мебелот се поважни од здравјето на граѓаните, од воздухот кој го дишат граѓаните?

Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од илјадниците животи на граѓани кои се жртва на загадувањето на воздухот?

Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа поразителни податоци дека 3 илјади лица годишно се директна жртва на загадувањето.

Токму поради оваа причината ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето!

Предлагаме итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.

МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.

Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.

Веќе не станува збор за политика, станува збор за човечки животи. Овие мерки се мерки кои живот значат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис