Во северниот дел на Косовска Митровица, ноќва експлодирал автомобил под кој била поставена бомба. Во инцидентот повредени лица нема, оштетени се само фасадите на локалот каде што бил паркиран автомобилот.
Жителите од северниот дел на Косовска Митровица се вознемирени, бидејќи зачестија ваквите инциденти.
Пред само неколку дена беше фрлена рачна бомба на тераса, а во експлозијата повреде две деца.
Полицијата изврши увид на местото каде се случи експлозијата, но сторителите се уште не се откриени.