Унгарска влада: Ќе се следи правната процедура доколку добиеме барање за екстрадиција на Груевски

Од:

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани за неговиот живот и прашања поврзани со неговите судења. На прашањето дали Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија, од унгарската влада велат дека тоа е правно прашање, а тамошните власти не добиле официјално барање за екстрадиција по што додаваат дека, доколку добијат барање, тие ќе ја следат правната процедура. Владата на Унгарија тврди дека Орбан не се сретнал со Груевски од моментот кога експремиерот поднел барање за азил.

„Станува збор за поединец што повеќе од десет години ѝ служеше на својата земја и побара политички азил. Ова е невообичаена ситуација, па во овој случај со преседан се разгледуваат невообичаените околности. Од безбедносни причини релевантните унгарски власти – но не унгарската влада – одлучија дека на поранешниот премиер Груевски може да му се дозволи да поднесе барање и тоа да се разгледа во Будимпешта“, велат од владата на Унгарија.

Во однос на тоа како ја напуштил Македонија, унгарската влада нема никаква поврзаност, тврдат оттаму.

„Важно е да кажеме дека тоа не е познато. Новинарите прават превид на моментот дека граѓаните во овој регион може да патуваат меѓу земјите без пасош, односно со лична карта“, додаваат од владата од Унгарија.

Новинарите на Унгарија прашаа и за тоа како може Унгарија да ја смета Македонија за безбедна земја, каде што постои владеење на правото, а сега се разгледува барањето за азил на ескпремиерот Груевски по што владата на Унгарија негира.

„Не. Унгарија доби барање и го разгледува. Тоа е правно прашње. Одлуката ќе се донесе според двата закона, а тоа се унгарскиот и меѓународниот. Владата на Унгарија и унгарските државни власти, со тоа што го добиле барањето на ниеден начин не реагирале против институциите или официјалните одлуки на Македонија“, велат оттаму констирајќи дека унгарската влада не се става над македонскиот правен систем.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски