Пенс: Јужното Кинеско Море не е во сопственост на само една држава

Од:

Американскиот поптпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека Јужното Кинеско Море не е сопственост на смао една држава и оти американските бродови и авиони и натаму ќе преминуваат по и над него, согласно нормите на меѓународното право.

Пред лидерите од земјите од Југоисточна Азија, Пенс истакна дека во регионите на Индискиот и Тихиот Океан нема место за „империи и агресија“.

Американските медиуми коментираат дека изјавата на Пенс сигурно ќе ја налути Кина, која пред една недела упати повик до САД да запрат со испраќање свои бродови и воени авиони во близина на острови врз кои Пекинг тврди дека има право во Јужното Кинеско Море.

Освен Кина, претензии за тоа море и неговите острови искажуваат Брунеи, Виетнам, Малезија, Тајван и Филипините. Преку Јужното Кинеско Море годишно се одвива трговски сообраќај за околу три милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија