Мисијата на ММФ во ССК на годишна консултација

Од:

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска ги реализираше редовните консултации со Мисијата на меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Џесмин Рахман шеф на Мисијата на ММФ за Македонија, која е во посета на нашата земја од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија.

На средбата се дискутираше за предизвиците на приватниот сектор и деловниот амбиент во земјата. Арсовска ја истакна важноста од спроведувањето на структурните економски реформи како приоритет и стратешка определба на земјата што би ја придвижиле економијата забрзано напред. Суштината како што рече, е континуитет на реформите, како и овозможување предвидлв бизнис амбиент за приватниот сектор како би можеле со сигурност да креираат повеќе годишни планови и да не се воздржуваат од инвестиции.

„Се додека нема национален консензус дека економските реформи треба да се приоритет, не можеме да очекуваме било каков напредок. Структурните економски реформи треба да се зацртани како идна сигурна стратегија, која без отстапка ќе се имплементира во следните години. Предвидливоста во овој момент ни е најголем проблем бидејќи брзите промени на легислатиата треба да се пракса на минатото“, истакна Арсовска.

Дополнително беше дискутирано за неформалната т.е сивата економија која е еден од најголемите предизвици за сите сектори во стопанството бидејќи оние кои учествуваат во неа неправично и незаконски ги ставаат во повластена положба оние кои регистрирано работат и ги исполнуваат законските обврски. Според последните податоци на меѓународните организации, во земјава секоја година фирмите губат до 15 проценти од профитот поради сивата економија во сите сектори.

На средбата се дискутираше за важноста на владеењето на правото како клучен приоритет за инвестирање на компаниите во Република Македонија.

ССК остварува редовни консултации со мисијата на ММФ, во јуни годинава Арсовска оствари средба со Рахман, во Скопје на која меѓу другото се дискутираше и за минималната плата и реформите за покачување на животниот стандард.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА