Oкружниот суд во Амстердам го отфрли барањето – холандскиот Црн Петар да се забрани. Се работи за лик од новогодишната празнична традиција на оваа земја, кој антирасистички активисти го сметаат за навредлив за лицата со потемна боја на кожата.
Во образложението на судот се вели дека барањето е одбиено од технички причини, односно дека барањето е поднесено многу доцна, и дека нема доволно време за да се разгледа пред да почне празничната сезона.
– Нема сомнеж дека Црниот Петар се менува. За некого тоа е премногу бавно, за некого пребрзо. Важно е дискусијата да продолжи, истакна судијата Антон Скотман.
Црниот Петар (Цварте Пјет) е лик од колонијалното робовско минато на Холандија, кој со тек на времето, во приказните се претворил во претставник на Свети Никола кој им дава подароци на сиромашните деца.
Дебатата за негово отфрлање од холандската традиција трае со години, при што понекогаш предизвикува и физички пресметки меѓу антирасистите и оние кои сакаат овој лик да си остане дел од националната култура.