Ким Џонг-ун на тестирање на ново оружје, САД убедени дека ги почитува преземените обврски

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето на новото високотехнолошко стратешко оружје, соопштија синоќа севернокорејските медиуми.

Јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејската држава телевизија, јави дека оружјето е „истражувано и разработувано долго време“ и оти тестирањето било успешно. Севернокорејската телевизија навела дека оружјето, без да соопшти од кој вид е тоа, било замислено да ја гарантира безбедноста на државата и значително да ја подобри борбената способност на земјата.

Јонхап наведува дека ова било прва инспекција на терен заради тестирање на некое оружје, на која Ким присуствувал од ноември минатата година, кога го надгледувал тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-15“.

Сепак, САД остануваат убедени дека Ким ќе ги почитува преземените обврски за денуклеаризација, наведе Стејт департментот.

„И натаму сме убедени дека ветувањата, дадени од претседателот (Доналд) Трамп и севернокорејскиот лидер Ким ќе бидат испочитувани“, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија