Пишев: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Од:

Најостро ја осудувам грубата и тенденциозна манипулација на порталот „а1он“, но и на други медиуми и портали кои ја пренесоа веста со наслов дека јас наводно сум рекол „Ако треба и ќе убиеме за Македонија“, пишува пратеникот Васил Пишев.

„Таа реченица никогаш и никаде не сум ја рекол, пишал или изјавил и е тотална невистина и лага. Моето пишување кое го пренесоа почесните медиуми во такви околности на неконтролиран влез на луѓе, јас пишав, ако треба и ќе умреме за Македонија. И, тоа и денес го мислам дека тоа е свето право на секој Македонец. Потенцирам, дека за да умреш или да убиеш има огромна разлика дури и за малите деца“ вели Пишев.

„Со ништо не сум заслужил мојата чест и углед да биде нарушена и тоа никогаш нема да го дозволам.
Со почит,
Васил Пишев“

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“