Амбасадорката на Јапонија го посети Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје. Повод за посетата беше успешно изреализирана донација во медицинска опрема од страна на Јапонската Амбасада за потребите на Институтот.
Во оваа прилика од страна на Директорите на Институтот Д-р Ангелчо Андоновски и М-р Ријад Алими на Амбасадорката и беше врачена свечена плаката, како неизмерна благодарност за Амбасадорката и јапонскиот народ за нивната искрена заложба и посветеност, во подобрување на здравствените услуги за оние на кои им е најпотребна а тоа се нашата иднина -дечињата кои се лекуваат во Институтот.
Во иднина менаџментот на Институтот ќе продолжи да вложува максимум напори за што поуспешен број на вакви донации, се со едниствена цел на нашите најмали херои да им се пружи најдобрата можна здравствена заштита која ја заслужуваат.