Фонд за стратегиска култура – Москва
Состојбата во Демократска Република Конго станува крајно тензична во предвечерието на претседателските избори предвидени за крајот на годината. Актуелниот шеф на државата Жозеф Кабила долго време ги одлагаше изборите и Западот го искористи тоа како повод да иницира протести на опозицијата, што е под негова контрола, и да организира серија написи во светскиот печат за користење на детски труд во индустријата на земјата.
Мандатот на претседателот Кабила истече во декември 2016 година, но тој го одложи своето повлекување, овозможувајќи и на опозицијата, зад која стојат западните интереси, да го оспорува легитимитетот на неговиот продолжен мандат. На почетокот на оваа година Кабила сепак беше принуден да ги закаже претседателските избори за во декември.
Интересот на светските мултинационални корпорации за една од најсиромашните земји во светот има едноставно објаснување: таа е пребогата со природни ресурси. Конго располага со најголемите светски резерви на кобалт, германиум, тантал и дијаманти, таа ги поседува најголемите резерви во Африка на уран, волфрам, бакар, цинк и калај, и има наоѓалишта на берилиум, литиум и необиум, и значителни резерви на нафта, јаглен, железна руда, манган, злато, сребро и боксит. Демократска Република Конго е светски лидер во производството на природен малахит и во земјата има големи резерви на вода и шуми.
Стратешките резерви на вредните обоени и ретки метали, кои се неопходни за производство на мотори на бомбардерите, го привлекуваат вниманието на водечките воени сили. Воено индустрискиот комплекс на САД дури 50 проценти од своите потреби на тантал ги задоволува од ДР Конго, и дури 75 проценти од потребите за кобалт.
Во Демократска Република Конго се наоѓаат 60 проценти од светските резерви на кобалт. Токму затоа, кога минатата година Владата го зголеми данокот на извоз на кобалт, занемарувајќи ги ставовите на индустријалците, светските цени на овој метал пораснаа за 235 проценти – за една година цената на кобалтот порасна од 33.200 на 75.000 долари за метрички тони, што веднаш предизвика криза во производството на електромобили, смартфони и голем број високотехнолошки уреди, бидејќи кобалтот е главниот метал што се користи за производство на литиумско-јонски батерии.
Корпорацијата „Самсунг СДИ“, како што јави Блумберг, започна да купува секундарни суровини и електричен отпад и буквално да претура низ депониите. Истовремено, таа планира да купи дел од компанија за проработка на отпад. Недоститогт на кобалт предизвикува вознемиреност и кај другите светски гиганти, меѓу кои „Фолсваген“, Бе-Ем-Ве и „Панасоник“. Развојот на автомобилската индустрија и зголеменото производство на смартфони и други електронски апарати придонесе за дефицит на кобалтот.
Поради ова, големите мултинационални коропорации, вклучително и производителите на возила, се потешко доаѓаат до договори за набавка на кобалт. Во ноември 2017 година „Фолсваген“ не успеа да потпише долгорочен договор за набавка на кобалт со швајцарската компанија „Гленкор“ и кинеската „Хуајaнг Kобалт“. Предлогот на „Фолсваген“ за утврдување на фиксни цени не беше прифатено од додавувачите.
„Хуајанг Кобалт“ е најголем светски производител на овој метал. „Амнести Интернешанл“ и „Африка Рисрчес Воч“ во извештај ја обвинија кинеската компанија дека купува кобалт од примитивни рудници во Демократска Република Конго, во кој наголемо се искористува детскиот труд. Во одговор кинеската компанија соопшти дека не била доволно информирана за ова прашање. Во такви услови „Епл“ запре со целосно купување на кобалт од Демократска Република Конго.
Аналитичарите на „Мекквари Рисрч“ прогнозираат дека до крајот на 2018 година глобалниот недостиг на кобалт ќе достигне 885 тони, во 2019 година 3.205 тони и во 2020 година 5.340 тони, што ќе претставува вкупен раст на дефицитот за 503 проценти. Според берзанските дилери, тоа ќе има решавачко значење врз вредноста на акциите на голем број светски гиганти како што се „Гугл“, „Епл“, „Тесла“, „Амазон“ и УПС.
Главни светски производители на литиум-јонски акумулатори се Јапонија, Јужна Кореја и Кина, кои постепено преземаат контрола врз целиот синџир на производство на електромобилите – од набавката на кобалт во ДР Конго, па до производството на акумулатори и крајното склопување на возила. Самото ископување на кобалот меѓутоа не е под кинеска контрола. Најголемите рудници во ДР Конго се сопственост на швајцарскиот „Гленкор“.
Поволните тенденции за Кина на пазарот на кобалт може да бидат радикално променети од растечката позиција на американската компанија „УС Кобалт“, чиј раководител Вејн Тисдејл е познат како „човек-легенда, кој може безгрешно да ги предвиди новите тенденции и времето на нивната појава, создавајќи на тој начин забележителна вредност на акциите“.
Во септември „УС Кобалт“ го купи наоѓалиштето на кобалт во Ајрон Крик, што се наоѓа во т.н. кобалтов појас во американската сојузна држава Ајдахо. Резервите на тоа наоѓалиште, според оценките. изнесуваат околу десет милиони тони. Тисдејл и неговиот тим имаат амбиција да станат најголеми играчи на пазарот на кобалт. Активностите на Тисдејл се поклопуваат со интересите не само на „Тесла“ и нејзиниот шеф Ивон Маск, туку и на другите американски корпорации, но затоа се дијаментрално спротивни со интересите на Кина.
Американските корпорации би можеле да ги остварат своите цели ако за почеток на еден или друг начин ја истиснат од конгоанскиот пазар компанијата „Гленкор“, која ги контролира најголемите рудници за експлоатација на кобалт во ДР Конго – Кансуки и Мутанда.
Се знае дека „Гленкор“ беше меѓу најголемите купувачи на руска нафта, алуминиум, бакар, цинк, олово и јаглен. „Гленкор“ поседува 8,75 проценти од акциите на „Русал“, како и делови од компаниите-ќерки на рускиот нафтен гигант „Русњефт“. Според податоци на Форбс, „Гленкор“ е на петтото место на листата на најголеми купувачи на нафта од Русија. Во јануари минатата година „Гленкор“ и Фондот „Катар Инвестмент Ауторити“ постигнаа договор за формирање конзорциум за откуп на 19,5 проценти од акциите на „Русњефт“. Подоцна, двете страни соопштија дека не бил постигнат договор и конзорциумот се распадна, но „Гленкор“ и „Катар Инвестмент Ауторити“ станаа директни инвестотори во руската нафтена компанија.
Во јули оваа година, Министерството за правда на САД побара од една од компаниите-ќерки на „Гленкор“, „Гленкор Лимитед“ да и достави документи дека ги почитува законите за перење на пари и борба против корупцијата при „активностите на групацијата „Гленкор“ во Нигерија, ДР Конго и Венецуела“. Велика Британија уште претходно започна истрага против „Гленкор“ во врска со аферата за давање мито во Конго. Некои бизнис договори на „Гленкор“ го привлекоа вниманието и на истражителите од лондонското Биро за истрага на сериозно големи измами (СФО).
За американските корпорации, кои се залагаат за сопствено производство на кобалт, би било во корист доколку производството на металот во ДР Конго не само што нема да расте, туку и би паднал на најниско можно ниво, па дури и целосно би запрел.
Во предвечерието на претседателските избори „Африкан Аргументс“ ги прогнозира следните сценарија:
– На власт останува сегашното раководство, можеби одново предводено од Жозеф Кабила;
– На власт доаѓа опозицијата поддржана од Западот;
– Се изведува воен удар, при што Кабила му бил сменет од власта со помош на силите на Мисијата на ОН во ДР Конго; и
– Кабила бил сменет од власта со навлегување на странски сили, најверојатно на Ангола, Руанда и Уганда, или со вооружен преврат извршен од некоја од многубројните конгоански бунтовнички групи.
Секоја од овие варијанти ќе има негативни последици врз „Гленкор“, кој или ќе биде истиснат од пазарот на кобалт во ДР Конго или ќе биде принуден да ја препушти сопственоста на своите најголеми рудници на веќе споменатата „УС Кобалт“.
Иднината на ДР Конго денес фактички се решава во канцеларијата на Вејн Тисдејл. Американците меѓутоа се воздржани поради присуството на руски војници во составот на Мисијата на ОН во соседната Централноафриканска Република, на кои нема да им биде проблем да му достават воено-техничка помош на ДР Конго, доколку тоа го побара Жозеф Кабила. Барањето би можело да биде поддржано и од кинеските компании присутни во ДР Конго.
Евентуалната алијанса меѓу Русија и Кина во ДР Конго можеби е единствената што би ги спречила американските глобалисти да започнат војна за кобалтот во Централна Африка.