Хоти побара самораспуштање на косовското Собрание

Од:

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти побара самораспуштање на Собранието, откако беа одложени денешните седници на собраниските комисии поради отсуство на пратениците од владејачката коалиција.

Хоти на својата страница на Фејсбук напиша дека ваквиот начин на владеење е штетен за државата и мора да престане.

– Повеќето седници на собраниските комисии денеска пропаднаа поради отсуство на пратениците на коалицијата ПАН (Демократската партија на Косово – ПДК, Алијансата за иднината на Косово – ААК и Социјалдемократската иницијатива – Нисма). Би било упатно политичките партии да седнат заедно за да го распуштат Собранието. Косово заслужува да има легитимни, доверливи институции, кои ќе се соочат со предизвиците. Оваа форма на владеење мора да заврши бидејќи му штети на секој процес во државата, напиша Хоти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина