Тројката меѓународни кредитори пред март пристигнува во Атина

Од:

Претставниците на тројката меѓународни кредитори на Грција од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се очекува да пристигнат во Атина на 25 февруари.

Тројката меѓународни кредитори се очекува да даде прва оценка годинава за исполнувањето на антикризната програма од страна на грчката Влада.

Нејзиното одобрување треба да дозволи доделување на транша од 6 милијарди евра на Грција во второто тримесечје на 2013 година, од кои 4,2 милијарди од ЕУ и 1,8 милијарди од ММФ, пишува весникот „Вима“.

Раководителите на техничките екипи Пол Томсон од ММФ, Матијас Морс од ЕК и Клаус Мазух од ЕЦБ, моментално ја набљудуваат грчката програма преку телеконференциски врски, електронска пошта и телефонски разговори со претставниците на грчкото министерство за финансии.

На почетокот на март се очекува тие да пристигнат во Атина, за изработка на првиот редовен извештај. Раководителите на екипите на трите институции ќе останат во грчкиот главен град до крајот на март, до кога ќе треба да договорат продолжување на финансирањето на Грција.

Кон средината на декември Грција ги доби замрзнатите од минатото лето финансиски средства во висина од 34 милијарди евра. Овие средства се од вториот спасувачки пакет на земјата, за кои владата во Атина се обврза за забрзано реализирање на поставените услови од Тројката.

Во рамките на меѓународната спасувачка помош минатиот месец беше одобрена и финансиска инекција во вредност од 9,2 милијарди евра.

До март Грција треба да добие уште 14,8 милијарди евра од оваа помош.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица