ЕП повика на заедничка контрола на почитување на вредностите на ЕУ

Од:

Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која се апелира до земјите членки на ЕУ за воведување на контрола за почитување на основните вредности на Унијата, како што се демократијата и владеењето на правото.

– Сегашната рамка не е доволна за спречување и отстранување на заканите по правната држава, се наведува во Резолицијата, во која се додава дека на ЕУ и е „потребен јасен, постојан и објективен механизам за заштита на демократијата и фундаменталните права“.

Европратениците изразуваат жалење затоа што Европската комисија се уште не изготивла предлог-закон за воведување на ваков механизам, иако Европарламентот го побара тоа уште во октомври 2016 година.

Европскиот парламент предлага секоја година да се изготвува извтештај со оценка на почитување на европските вредности утвредени со членот 2 на Договорот за ЕУ во сите земји членки, по ист принцип како што се изработува извештај за економските политики.

Во Резолуцијата се посочува дека постојат зголемени закани кон демократијата и владеењето на правото во Малта, Словачка и Романија, како и дека се водат голем број постапки против неколку земји членки за кршење на принципите на европското право во сферата на правосудството, фундаменталните права и државјанството.

– Предизвиците пред владеењето на правото и демократијата во ЕУ претставуваат закана за слободата, безбедноста и правосудството, како и за надворешните активносте на Унијата, особено во прегооврите за пропширување и соседската политика, се наведува во текстот.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он