Груевски повеќе нема да се правда како оправдано отсутен од Собранието

Од:

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, ова е заклучокот од координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери.

Координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието кои учествуваа на средбата се договориле дека по изминувањето на шесте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно ќе го стават на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат , како што предвидува Уставот во членот 65.

За одземање на мандатот и по овој основ е потребно двотретинско мнозинство, кое минатата недела не успеаа да го обезбедат пратениците, кога со 58 гласа „за“ и 29 „против“ не беше изгласано одземање на мандатот на Груевски.

Во меѓувреме Груевски ја напушти земјава и замина во Унгарија, каде што побарал азил. Оваа информација тој најпрво ја соопшти на Фејсбук, а подоцна ја потврди и МВР. По наредба на судот, полицијата распиша меѓународна потерница за Груевски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги