Влада: Македонија и натаму го подобрува рангирањето според „Doing Business“

Од:

Последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2019“, што беше усвоен на денешната владина седница, покажува дека Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот.

Македонија и годинава е лидер во регионот и четврта земја во Европа според условите за водење на бизнис.

-Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка во својот извештај утврдила подобрување кај два индикатори: добивање на градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатори, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај шест индикатори, односно: започнување на бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување на договори, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада