Членовите на ДИК ке „ќарат“ продолжување на мандатот

Од:

Власта и опозиција се согласија, на денешната собраниска седница да го продолжат шестмесечниот мандат на членовите на Државната изборна комисија.

Овој состав ќе продолжи до изборот на нов состав, но не подолго од две години .Ова е решението на измените во Изборниот законик зад кој како предлагачи застанаа сите парламентарни партии.
Ова се прави за да нема законски вакуум и да нема ДИК кој ќе ги спроведе претседателските избори во април 2019 година. Шестмесечниот мандат на актуелниот состав истекува на почетокот на месец јануари.

Пратениците со кои разговаравме велат дека измената се прави бидејќи мандатот на постојниот состав на ДИК трае некаде до втори јануари.

Барање на Рајнхард Прибе е членовите на ДИК да бидат професионални а не партиски лица, но власта и опозицијата не успеаја да најдат заеднички јазик за ова прашање. Иако сите велат дека се залагаат и ги прифаќаат забелешките на Прибе, сепак партиските работни групи задолжени за ова значајно прашање без договор ги прекинале комуникациите за корекција во Изборниот законик. Сепак роковите газат и тие мораат повторно да седнат и да се договорат. Отворено е и прашањата дали т.н. Пржинска влада ќе се примени и за претседателски и за локални избори или ќе важи само за парламентарни избори но и неколкуте варијанти за нов изборен модел.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто