Рекорден број жени победија на минатонеделните избори во САД

Од:

Најмалку 120 кандидатки, од Демократската и Републиканската партија, победија на минатонеделната трка за американските институции на власта, што подразбира место во Претставничкиот, Сенатот или гувернерска функција.

Рекорден број жени – 96, во јануари ќе го почнат својот мандат во Претставничкиот дом на Конгресот, а за 25 од нив тоа ќе биде првпат на таа функција, јавува „Гласот на Америка“.

Дона Шалејла од Флорида, поранешна секретарка за здравство во администрацијата на Бил Клинтон, ќе биде најстарата нова членка на Претставничкиот дом со 77 години. Двете најмлади жени во историјата на Долниот дом на Конгресот се 29-годишната Еби Финкенауер од Ајова и Александра Окасио Кортез од Њујорк.

– Ова не е кампања, ова е движење, порача Кортез.

Тоа движење во Конгресот ги доведе и првите две муслиманки. Тоа се Рашида Тлаиб и Илхан Омар од Минесота. Републиканката Јанг Ким од Калифорнија е на пат да стане првата Американка со корејско потекло во Претставничкиот дом. Членката на Претставничкиот дом Марша Блекбурн стана прва сенеторка од Тенеси.

Претходен пат кога жените масовно се кандидираа на изборите беше во 1992 година, која, исто така, беше наречена „година на жената“. Но тогаш само 24 жени беа избрани во Претставничкиот дом, а шест влегоа во Сенатот.

Аналитичарите очекуваат дека бранот женски кандидати ќе продолжи.

– Сега кога жените се обидоа и сфатија дека можат, имаат амбициозни цели и сакаат да се борат за политичките приоритети и теми кои им се ним важни, вели Моли О`Рурк од Американскиот универзитет.

Интерпарламентарната унија во октомври ја рангираше САД на 104. место во светот по бројот на жени во националниот парламент, но по минатонеделните избори, статистиката стана поповолна.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас