„Македонија – Блокира“: Изразуваме задоволство од средбата со Арнаудов и разочарување од средбата со Василевски

Од:

„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира“, синоќа во рамките на народниот собир во Охрид, делегација на Македонија-Блокира„ на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов во нивните домови им предаде писма за причините зошто не треба да гласат за уставните промени.

Во пријатна атмосфера беа разменети мислења со пратеникот Љубен Арнаудов за актуелната состојба во државата во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоја цена да избрише се што е македонско и зошто пратеникот Арнаудов не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.

Спротивно на ова, пратеникот Сашо Василевски со наменски провокативни прашања кои беше очигледно дека претходно му ги спремиле во СДСМ, предизвика вербална расправија со претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев. Ваквото поданичко однесување на Василевски и не чуди земајќи предвид дека охриѓани велат дека се работи за превртлив човек кој менува партии од личен интерес, инволвиран во разноразни лајонес и масонски организации, своевремено и во обид за перење пари преку казина во Охрид со Албанци…

Изразуваме задоволство од средбата со пратеникот Арнаудов и целосно разочарување од средбата со пратеникот Василевски како човек со изгубено национално чувство“, се вели во соопштението на Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

A1on

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

A1on