Возило излетало од пат и се превртело, двајца повредени

Од:

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С. од село Лубница, Конче, излетало од патот и се превртело, соопштија од полицијата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и 71-годишниот сопатникот исто така од село Конче.

Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип за укажување на лекарска помош, а потоа Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози