ПП: Поддршка за донесување на уставните амандмани и измени на Уставот

Од:

„Извршниот одбор на Партијата на пензионери (ПП), на седницата одржана на 10.11.2018 година, ја потврди определбата на партијата за одлучно настапување со цел забрзување на процесите кои ја обезбедуваат евро-атланската интеграција на Македонија.

За Партијата на пензионери не постои друга алтернатива, ниту опција, со која може да се надмине најзначајната пречка на стратешката определба на земјата за зачленување во НАТО и ЕУ и истовремено да се зацврсти националниот идентитет, да се потврди македонскиот јазик, пред се од и кај соседите, долгорочно да се осигура просперитет, стабилност и услови за квалитетни реформи во земјата, освен брзо прифаќање и применување на стандардите, критериумите и принципите на владеење кои се практикуваат во земјите членки на НАТО и ЕУ.

Поради тоа, Извршниот одбор на ПП дава недвосмислена поддршка за успешно завршување на отпочнатиот процес, во Собранието на Република Македонија, за донесување на уставните амандмани и измени на Уставот во склад со Преспанската спогодба“, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ