Општинска Организација СДСМ Центар обезбеди нови 42 садници за дополнување на зеленилото во општината. Целта на иницијативата е да се создаде поубав и позелен центар, со подобри услови за живот за сите граѓани.
Членови од општинската организација, заедно со СДММ Центар, денеска ги посадија новите дрвја во паркот на Франкофонијата. Акцијата беше организирана по повод 42 години постоење на Општина Центар, а кон неа се приклучи и градоначалникот Саша Богдановиќ.
Прeтседателот на ОО СДСМ Центар Горан Герасимовски најави дека оваа иницијативата прераснува во традиција. Отсега секоја година за роденденот на општината ќе се засадуваат нови дрвја на различни локации.