Изложба „Тоа сум Јас…“ на Хари Дудески во Малта

Од:

Изложба насловена „Тоа сум Јас…“ на македонскиот автор Хари Дудески е отворена во Малта. Проектот го реализира Форумот за демократска Македонија.

Изложбата е поставена во Галерискиот Хол на „Мр.Тод Хотел“ во Слиема, а ќе биде отворена за посетителите, во следните 30 дена.

Дудески со оваа изложба во Малта претстави концепт на визуелизација на знамето преку моментумот со кој се соочува Македонија во годините на воспоставување државност, транзиција и финализација, преку 12-те варијанти, асоцијација 12-те месеци во една година. Низ промена на сегментите на знамето, како круцијален симбол во еден идентитет, изложбата е приказ на препознатливоста на тој македонски идентитет како и чувството на припадност во тоа себепрепознавање низ годините кои се живеат во нам познатите околности.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска