Можно е САД да прекинат со помош за Саудиска Арбаија во војната во Јемен

Од:

САД можно е да прекина со дополнување гориво за авиони на коалицијата што Саудиска Арабиај ја предводи во борбата против бунтовниците Хути во Јемен, јавија западни медиуми повикувајќи се на неименувани извори.

Таа можност ја разгледуваат двете држави и навестено е дека одлуката на крај може да ја донесе Саудиска Арабија со оглед на нејзините сопствени капацитети кога станува збор за дополнување гориво за авиони.

Засега не се знае дали е донесена конечна одлука ниту дали Конгресот е известен за тоа. Не е јасно ниту што ја предизвикало таа промена во ставот во момент кога меѓународната заедница е огорчена поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и откако демократите и републиканците се заканија дека ќе преземат акција во Конгресот следната недела поради операциите за дополнување гориво.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија