Македонија и Шпанија ќе ја интензивираат соработката во областа на културата

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми денеска имаше работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лорецо Сера.

На средбата беа нагласени пријателските односи меѓу двете земји, пријателството и меѓусебното разбирање.

Министерот Адеми нагласи дека културната соработка меѓу Македонија и Шпанија е на солидно ниво но укажа и на потребата од нејзино продлабочување преку поголема размена на експерти, уметници и проекти. Тој предложи и воспоставување директна соработка меѓу филхармониите на двете земји, што би резултирало со заеднички проекти и гостувања на оркестрите и на диригентите. Исто така, Адеми му предложи на амбасадорот Сера и воспоставување директна соработка меѓу Музејот на современата уметност од Скопје со некој од музеите во Шпанија кои ја третираат современата уметност, како Музејот на современата уметност од Барселона, Музејот за современата уметност „Естебан Висенте“ од Сеговиа, Институот за модерни уметности во Валенсија, „MACA-музејот за современа уметност“ во Аликанте.

Амбасадорот Сера, пак, ја истакна поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија. Тој, исто така, ја пренесе и заинтересираноста на Министерството за култура на Кралството Шпанија за воспоставување интензивни културни врски за поголема соработка од областа на културата.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија