Смртниот биланс од нападот во Могадишу се искачи на 32 лица

Од:

Бројот на жртвите од тројниот бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, се зголеми на 26 цивили и шестмина терористи, соопшти денеска полицијата.

Во нападот за кој одговорноста ја презеде исламистичката група Ал Шабаб се повредени 15 лица кога експлодираа двете автомобил-бомби пред хотелот „Сахафи“, во кој често претстојуваат лица од власта или од јавниот живот на Сомалија.

Ал Џезира јави дека неколку лица загинале од огнено оружје.

Двајца терористи загинаа при експлозијата на двете автомобил-бомби, додека четворица тешко вооружени милитанти кои се обидувале да влезат во хотелот, беа убиени од хотелското обезбедување.

Третата бомба била поставена во празно возило на блискиот паркинг.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија