Министерката за правда проф. Рената Дескоска денеска се сретна високи претставници на американското Министерство за правда, заменик-директорот на Канцеларијата за развој, поддршка и обука на обвинителството во странство (ОПДАТ), Џорџ Хубер, и регионалниот директор на ОПДАТ за Централна и Југоисточна Европа и Блискиот Исток, Пол Ваки.
На средбата се разговараше за реформската агенда на Министерството за правда и сите активности кои се преземаат во насока на градење на систем базиран на владеењето на правото.
Министерката за правда Рената Дескоска за време на средбата најави дека ќе ја бара потребната поддршка од пратениците за сите двотретински закони кои во наредниот период ќе бидат испратени во собраниска процедура.