Најмалку 13 цивили и шестмина терористи загинаа во бомбашките напади во Могадишу

Од:

Најмалку 13 цивили и шестмина терористи се убиени кога три автомобил-бомби експлодираа во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти денеска локалната полиција.

Во нападот се повредени и 15 лица кога борци на исламистичката терористичка група Ал-Шабаб активираа две автомобил-бомби пред хотелот „Сахафи”, кој е посетуван од владини претставници и други членови на елитата на Сомалија, изјави полицаецот Али Хасан Кулмие за ДПА.

Двајцата милитанти, кои ги возеле автомобилите со експлозив, загинаа за време на експлозијата, додека четворица борци, кои се обидувале да го погодат хотелот беа убиени од страна на обезбедувањето на хотелот, изјави за ДПА Ахмед Башан, припадник на локалната полиција.

Третата бомба била скриена во празен автомобил, оставен на блискиот паркинг, соопшти полицијата.

Околните згради, вклучувајќи го и хотелот Хајат и Централната истражна служба се оштетени од силните експлозии.

Крстосницата, на која се случија експлозиите, позната како „Километар 4″, е исто така блиску до силно чуваниот аеродром во Могадишу.

Набргу по експлозијата, Ал Шааб ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија