Министерство за здравство: Со физибилити студијата ќе се испита можноста за правење на јавно приватно партнерство

Од:

Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3.11.2018 година и прибирањето на понудите трае до 14.11.2018 година. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и анализа на можности и капацитети на услугата „Брза помош“ и „Домашна посета“. Физибилити студијата треба да покаже дали воопшто е можен овој модел на јавно приватно партнерство, кој функционира и во други земји, да функционира и кај нас. Информацијата што ја пренесоа дел од медиумите дека е објавен тендер за јавно приватно партнерство не е точна, туку станува збор само за испитување на можноста за неа.

Министерството за здравство по добиените резултати од анализата ќе организира јавна дебата, на која ќе бидат презентирани резултатите и заедно со стручната јавност ќе се донесе најдоброто решение по однос на ова прашање.

Јавното здравство во изминатите години покажа слаби резултати во менаџирање на итната медицинска помош. Затоа, сега бараме начини како да ја подобриме состојбата и да понудиме подобри услови за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните