Богоевски: Груевски ќе продолжи да зема плата додека е во затвор

Од:

Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор, напиша на Фејсбук пратеникот Павле Богоевски по гласањето за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски.

На седницата ниту еден пратеник не се јави за збор, а „за“ предлогот гласаа 58 пратеници , и 29 „против“, што не беше доволно бидејќи, според Уставот, мандат се одзема со двотретинско мнозинство.

Претходно, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на Грувски. Дел од пратениците, меѓу кои и Богоевски, кој претседава со Комисијата, тогаш побараа да се одземе мандатот на Груевски бидејќи, според нив, тој е недостоен за вршење на функцијата пратеник.

Ваква процедура следува по известувањето што стигна до Собранието од кривичниот суд дека пратеникот Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда на 2 години затворска казна. Груевски не беше присутен во Собранието.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година