Одрони на дел од патиштата

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снежни врнежи има во Маврово, Крушево и Пресека, но поради слабиот интензитет не претставуваат пречка за тековно одвивање на сообраќајот.

Како што информира ЈП „Македонија пат“, по клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес. Особено внимателно возење на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово, каде се забележани почести одрони од вообичаеното.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци. Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени