ВМРО-ДПМНЕ побара предлог-законот за амнестија на лицата осудени и осимничени за 27 април да се стави на дневен ред на денешна седница во Собранието.
„Пред неколку дена го доставивме, а пракса е и обврска да биде на наредна пленарна седница. Ако навистина се работи на помирување, колегите да го поддржат предлогот, бараме денес овој предлог-закон да се стави на дневен ред“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Предлогот не беше прифатен. Прва точка на дневен ред беше предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.