Девојката на Саздовски ќе сведочи без присуство на јавноста

Од:

Судот по барање на обвинителството и адвокатот на семејството на Саздовски, Ванчо Шехтански, одлучи да ја исклучи јавноста за време на сведочењето на девојката на Никола Саздовски за нападот врз 20-годишниот член на навивачката група „Комити“ кој поради тешките повреди почина на КАРИЛ 10 дена по немилиот настан.

Малолетниот сведок, согласно со ЗКП, ќе даде исказ пред судот со присуство на родител.

Девојката на Саздовски е прв сведок кој треба да даде исказ за убиството на Никола Саздовски, таа била присутна на лице место кога се случил нападот.

Претходно таа запрашана од судијката Даниела Алексовска-Стефановски дали имала закани од некого во однос на сведочењето за настанот, одговори позитивно.

„Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави“, рече девојката.

На денешното прво рочиште обвинети за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“ Никола Саздовски, Скендер Демири и Бесир Беља, се изјаснија како невини за делото „убиство на свиреп начин” кое им се става на товар.

Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, тој почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и барање правда. Саздовски беше претепан со боксови и клоци во главата и градите, а кога паднал на земјата и изгубил свест, напаѓачите продолжиле со ударите.

Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски кога првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста. Имено, наместо за кривично дело „насилство„ од член 386, став 6 во врска со став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата обвинети, од кои едниот сè уште е во бегство, ќе се води судска постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин„ од член 123, став 2, точка 1 од Кривичниот законик.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов