Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0,2 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во септември, во споредба со август годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,5 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,2 проценти, a во секторот „преработувачка индустрија“ се повисоки за 0,3 проценти.
Во септември годинава во споредба со септември лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење на камен“ за 6,1 процент и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 3,7 проценти, додека во секторот „преработувачка индустрија“ се повисоки за процент.