Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки го осуди нападот врз медицинската сестра

Од:

Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС најостро ги осудува насилствата во здравството акцентирајќи го и последниот немил настан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

„Апсолутно е недозволиво една хумана професија каква што е сестринската да биде жртва на вакви насилства. Физичкиот напад над медицинската сестра, која била на своето работно место е атакт и на целата фела. Зарем покрај сите голготи со кои се соочуваме изминативе години и со кои се обидуваме да се избориме за нашите права, сега сме во ситуација кога треба да се плашиме и за својот живот“, изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

Таа рече дека е аларманта состојбата во здравството бидејќи безбедноста при работа е една од основните начела која треба да ја има секоја професија.

„Како и до сега, Унијата транспарентно, јавно и гласно ќе зборува за неправдите и работите кои мора да се променат. Осудувањето на овој чин од страна на Министерството за здравство е нивна морална обврска но, истотака и превземањето на соодветни мерки. Во последните изјави на МЗ се вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се вклучат дежурства на полицијата. Прашањето е зошто и до сега не беа истите вклучени, знаејќи дека ова не е прв ваков случај? Дали е ова единствениот начин и што е тоа што треба да го промениме внатре во здравствените институции како не би се случувале вакви инциденти и во иднина? Од името на над 5000-то членство на Унијата апелираме до сите надлежни институции сериозно да ги прифатат нашите критики и да превземат соодветни мерки“, додаде Бешликовска.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on