Изложба „Во духовниот храм“ на Сулејмановски

Од:

Изложбата „Во духовниот храм“ на македонскиот сликар Ерол Сулејмановски денеска ќе биде отворена во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност.

Тоа е прва самостојна изложба на Сулејмановски, а ќе биде отворена до 19 ноември.

Посетителите на изложбата ќе имаат можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација.

Самите наслови алудираат на темата од македонскиот живот. Дел од нив се „Македонка“, „Жетварки“, „Старо Скопје“, „Молитва“ и „Три генерации“.

Познатиот македонски поет Мирче Нешовски за делата на Сулејмановски наведе дека тие имаат свој специфичен печат и код на магична илуминарна композициска поставеност.

– Сликарот со видот од неговото вешто изострено око и со бистрината во целата композиција, не пропушта од вид ниеден пластично насликан детаљ. Но, и кога има преливи на колоритот во широки рефлексии, сликарот не дозволува превид, стрпливо и чисто ги дава наносите на преливите на боите и колоритот и ни ја дава целосната грандиозност на рафинирана вонвременска слика врз длабочината на пречистената рафинирана плоха, се вели во критиката на Нешовски.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска