Изложба „Чудниот рај“ на Блажес

Од:

Во Галеријата „Ко-Ра“ денеска ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес.

– Секвенците на игросказот, парцијализирани, каледидоскопски се преточуваат и нé водат со магична леснотија низ едно непредвидливо сиже , фабула на секвенци, толку навидум едноставни и непретенциозни, а воедно и толку сугестивни, наведе кураторот на изложбата Виолета Калиќ за творештвото на Блажес.

Романскиот уметник, професор и куратор, Марилена Преда Санк посочи дека делата на Блажес инкорпорираат витални универзуми, разиграни и спонтано иронични оркестрирани со една автентично креативна способност и искреност.

– Препознатливите елементи од световите на пишаното и искусеното се конвертираат во секвенци на едно специфично визуелно сценарио кое авторот ни го предложува да го поминеме. Една седукативна изложбена патека полна со фантазии, наведува Преда Санк.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска