Изложба на слики од Mеѓународната ликовна колонија „Охрид 2018“

Од:

Во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“, денеска во објектот „Порта Македонија“ ќе биде отворена изложба на слики од деветата Mеѓународна ликовна колонија „Охрид 2018“.

Изложените ликовни дела се изработени од академски сликари и талентирани лица со телесен инвалидитет. На ликовната колонија учествуваа уметници од Македонија, Србија, Хрватска и Република Чешка.

– Целиот проект го стимулира ликовното творештво на лицата со телесен инвалидитет и организирањето на ваква меѓународна ликовна колонија има за цел да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна, наведуваат од „Мобилност Македонија“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска