Денеска започнува судењето за смртта на Никола Саздовски

Од:

Со воведни зборови денеска ќе започне првото рочиште од судењето за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски. Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р., а процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски.

Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, тој почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и барање правда. Саздовски бил претепан со боксови и клоци по главата и градите, а откако паднал на земја и изгубил свест, напаѓачите продолжиле со ударите.

Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски откако првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста.

Имено, наместо за кривично дело „насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата обвинети ќе се води судска постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“ од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов