Живко Мукаетов за претседател на РФМ

Од:

На 9 Март ќе се оддржи новото Изборно собрание на РФМ, на кое ќе дојде до промена во раководните структури на Ракометната федерација.

Според актуелниот претседател Михајло Михајловски, тој останува на фактот дека нема да се кандидира за нов мандат, но даде свој предлог кој треба да го замени.

Мојата одлука да не се кандидирам е донесена уште пред два месеци. Знам дека ваквите собранија вообичаено се одржуваат на 23-24 Јуни, но за доброто на македонскиот ракомет сметам дека 9 Март е датумот на кој мора да се оддржи ова собрание, и на тој ден да се назначи мој заменик. Сакам да ме замени човек кој е љубител на спортот, а таков гледам во Генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов. Низ неофицијалните разговори со него, можам слободно да кажам дека и тој се согласува на ваков чекор – истакна Михајловски.

Откако едногласно беше прифатена оставката и извештајот на Шундовски, за збор се јави сопственикот на Металург и член на управниот одбор на РФМ, Минчо Јорданов кој истакна:

Сметам дека не треба да се прифати ваквиот извештај на Шундовски. Оставката е ОК, и таа мора да биде прифатена, но со извештајот не се сложувам. Имаме извонредно талентирана генерација, и мојот натпреварувачки дух не ми дозволува да се помирам со пораз од некоја селекција, само затоа што таа била подобро организациски поставена, рече Минчо Јорданов.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ