Изложба „Тоа сум јас“ на Хари Дудески во Малта

Од:

Изложба „Тоа сум јас…“ на уметникот, сликар, графичар и дизајнер Хари Дудески синоќа беше отворена во Малта, на покана на Форумот за демократска Македонија (ФДМ).

Како што соопшти ФДМ, авторот претстави концепт на визуелизација на знамето низ годините на воспоставување на државност, транзиција и финализација, преку 12 варијанти кои асоцираат на 12-те месеци во една година.

-Низ промена на сегментите на знамето, како круцијален симбол во еден идентитет, изложбата е приказ на препознатливоста во тој македонски идентитет како и чувството на припадност во тоа себепрепознавање низ годините кои се живеат во нам познатите околности, соопшти ФДМ.

Изложбата во Малта, чија престолнина годинава е Град на европската култура, ја отворија заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и пратеничката во Собранието Мери Лазарова.

-Ова гостување на претставниците на Владата и Собранието во Малта беше искористено и за средба со дел од членовите на ФДМ, како и претставници на други македонски заедници кои функционираат на островот, од аспект на продлабочување на соработката со македонските институции во време кога во Малта сè уште не е отворено дипломатско-конзуларно претставништво, наведува ФДМ.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска