За претставник на округ во Невада избран мртов сопственик на бордел

Од:

Избирачите од рурален округ во Невада, каде традиционално се симпатизери на републиканците, на вчерашните избори победи покојниот Денис Хоф, сопственик на неколку јавни куќи.

Хоф, кој почина минатиот месец, ја доби поддршката од 63 отсто избирачи во својата изборна единица. Со оглед на тоа дека гласачките ливчиња веќе биле отпечатени во моментот на негоата смрт, тие не можеле да бидат повлечени. Тој беше обвинет за силување од страна на две жени, но ги негираше таквите тврдења.

Неговото пратеничко место сега се смета за испразнето, па посебна комисија од таа изборна единица ќе го одреди неговиот наследник, јави ДПА.

Богатиот сопственик на бордели, почина во еден од нив на 16 октомври, каде претходната ноќ со раскошна забава го прославил својот 72. роденден.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија