Српската напредна партија на лидерот на социјалистите, Ивица Дачиќ му ги дава сите министерски места за кои се заинтересирани социјалистите. За Дачиќ во тој случај би било резервирана премиерската фотелја.
В.Д. Претседателот на СНС, Александар Вучиќ во името на нашата коалиција разговараше со сите, но сите се некако нерешителни. Не даваат конечни одговори, туку само ветување дека ќе се чуеме за некој ден. Но, тој ден никако не доаѓа и никако да се изјаснат за нашата понуда. Сите сакаат да бидат главни во таа влада, а на оние кои победија да им останат трошки, изјави првиот човек на Нова Србија (НС), Велимир Илиќ, чија партија е дел од коалицијата на СНС.
Илиќ тврди дека неговата НС добила понуда и од Демократската партија на Борис Тадиќ за учество во нова влада предводена од демократите и социјалистите.
– Сите не канеа, бидејќи им одговараме на сите, затоа што сме корекни луѓе и не сакаме компликувани ситуации, нагласува Илиќ.