ВИДЕО: Изложба „Чуднио рај“на Сашо Блажес во Скопје

Од:

Петок (09 ноември) во 19.00 часот во галеријата КО-РА во Скопје ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес.

Блажес дипломирал и магистрирал на Универзитетот за Ликовни Уметности во Букурешт, Романија како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. Досега има изложувано во Берлин, Букурешт, Венеција, Њу Јорк, Темишвар, Сараево, Охрид, а ова ќе биде прва изложба пред скопската публика.

Во петок ќе бидат изложени избор на дела обединети под еден наслов Чудниот рај, дела изработени во периодот од престојот во Букурешт (2005-2013). Делата естетски се осврнуваат на проблемите во цртежот, комбинирањето со други графички елементи но и сликарски моменти и премрежја.

За неговото творештво кураторот на изложбата Виолета Калиќ кажа дека „Чудниот рај“ е можност да се допре дел од испирацијата, која допира многуслојно опсервирање на човековата природа.

– Имаме и еден свет кој е и личен и универзален во ист момент, конглемерат на надреални собитија.Тоа е една растреперна атмосфера каде јавето и сонот се поклопуваат, глобалните проблеми и сништа сето она што едно човечко битие успева да го апсорбира во свеста и потсвеста.

Секвенците на игросказот, парцијализирани, каледидоскопски се преточуваат и нé водат со магична леснотија низ едно непредвидливо сиже , фабула на секвенци, толку навидум едноставни и непретенциозни, а воедно и толку сугестивни …Колоритната гама е скерцо на симболи, механизирани, зооморфни, хуманоидни, амбивалентни во морфолошката сигнатура, кои ја носат загатката до преобликување, во една нова и повторно нова и недоречена синтагма…како животот, како мигот, како денот, како сеќавањата … како сонот … како посакувањата…исчезнувањата и појавувањата, како сфатливото и несфатливото, допреното и недопреното во животот, осознаеното и недоосознаеното, посакуваното и непосакуваното, морничавото кое на миг станува гротескно…и пак на миг ги разоткриваме и оние пасажи, речиси детски наивни, кревки, толку суптилни, вонтактилни и тактилни, вонсетилни и сетилни, толку блиски, и толку податни,дури можеби шегобијни, како мигновеноста на сонот, на животот или на детската игра, на дијалогот на недоосознаените идеограми, толку блиски а воедно толку непознати, недофатливи.

Ана Франговска ,куратор во Национална Галерија на Македонија вели дека делата на Блажес , акварели воглавно, оддишуваат со изграден и цврст ликовен вокабулар, со одлична манипулација со техниката, мајсторско справување со белата позадина, која честопати претставува предизвик за совладување и кај постарите автори. Графизмот, т.е. линијата имаат исклучителен потенцијал и всушност тие се двигателите на ликовната егзегеза и нарација. Со знаење и умеење скратува, деформира, изобличува, преспојува, реинтерпретира, одново создава нови, свои, специфични антропоморфни и животнолики собитија. Одлично игра со дуализмот полно-празно и дво-тро димензионално,т.е. плошно пластично, постигнувајќи го тоа со студиско третирање и на сликарската техника а и на графиката.Самиот акварел пак му овозможува лазурност и повеќеслојност, со што мошне ефектно се појавуваат планови, предни и задни визури кои го збогатуваат содржинско-ликовниот екстракт на Блажес.

Марилена Преда Санк, романски уметник, професор и куратор за делата на Сашо Блажес посочува дека инкорпорираат витални универзуми, разиграни и спонтано иронични оркестрирани со една автентично креативна способност и искреност. Препознатливите елементи од световите на пишаното и искусеното се конвертираат во секвенци на едно специфично визуелно сценарио кое авторот ни го предложува да го поминеме. Една седукативна изложбена патека полна со фантазии.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска